ХАРТИЈА

КРАТКА ИСТОРИЈА:                                                                      Зборот „хартија“ е етимолошки изведена од  латинскиот збор papyrus, кој потекнува од грчкиот πάπυρος (papuros), назив за Cyperus papyrus растение  Папирус , кое е користено во стар Египет пред повеќе од 4000 години.

Најстариот познат и сочуван примерок на направена хартија со помош на калап од дрвенa рамка потекнува од 868 година кој денеска се наоѓа во Британската библиотека во Лондон. Пронајден е некаде во рушевините на Кинескиот ѕид. Затоа се смета дека хартијата е измислена во стара Кина од страна на евнухот Цај Лун.

Хартија е тенка, рамна материја произведена со компресија на влакна. Влакната што се користат се обично природни и засновани на целулоза. Најчестиот материјал е дрвена каша од смрека и слични дрва, но и влакна од други растенија како памук можат да се користат.

Ова созанание во Европа се проширило во 13 век и влегло преку Сирија, Египет, Сицилија и Андалузија е направено првото производство на хартија во Европа која го заменила скапиот папирус и пергамент.

Таквиот процес бил макотрпен и така добиената хартија чинела многу а била со низок квалитет. Имено денешната современа хартија се произведува од различни суровини,  најчесто се користи дрвото, отпаден текстил, памукот и во поново време стара рециклирана хартија

Основната боја на хартијата  е жолтеникава, со додавање на белила, креда, туткал и други примеси, харијата станува бела, помазна и поеластична. Со додавање на пигменти добиваме хартија во боја, тонирана хартија.

За различни потреби  постојат и различни врсти на хартија кој се делат по граматура  и димензија.

Масата на овој производ се мери во грамови по метро квадратно. Во хартија спаѓаат граматури од 60-120 гр.  Производите  од хартија над 160 грама се сметаат за картони.

Да напоменеме дека хартијата како медиум за зачувување на информацијата сеуште е апсолутна неопходност со немерлива употребна вредност.

Во PRO Grafika, можете да изберете разни видови на хртија, по граматура, боја, димензија и формати.

Ви благодариме на посетата.