СИТО ПЕЧАТ-от е процес на пренесување на графички дизајн со помош на шаблон или мрежа, мастило-боја и брисач, денес познат како свеопшт употреблив израз како “ракел”. Од многу давни времиња лугето имале потреба за украсување на својата облека. Се претпоставува дека петеклото на техниката сито печат е од Индија и преку Персискиот залив се шири по светот. Најстари облици се наогаат во Кина, Тибет, Јапан, Египет. Најстариот облик на сито печат е пронајден во дечја гробница на туника во Горен Египт, датира од 4 век п.н.е.
Денеска сито печатот е општо прифатена техника на печатење во светот и кај нас. Најширока примена има во текстилната индустија на различни производи и материјали.
ДРЖАЧ ЗА СИТО ПЕЧАТ М2
– мануелен држач за . сито печат направен од поцинкувани делови отпорни на р’ѓа и осовина од прохром метал, тег за балансирање на рамка на ситото.
- димензија на подлога површина, 50 х 70 цм
- дебелина на иверица 18 мм,
- стакло 8 мм, дим. 45х50 цм се користи при центирање и “пасирање на бои”
- тежина 12 кг.
- можност за вметнување на рамка со дебелина од 4 цм
РАМКА ЗА СИТО ПЕЧАТ
со растегната свила – дрвени рамки со профил 40х50мм, направени од суво имрегнирано дрво, заштитено со боја отпорна на разредувач.
Стандардни димензии:
- 34х40 цм
- 40х50 цм
- 50х70 цм
По нарачка може да се изработат рамки по дадена димензија
Рамките се со веке растегната свила за сито печат од густина од 42-140 окца/инч.
СВИЛА ЗА ЗА СИТО ПЕЧАТ
– ПОЛИТИКАТА на нашата фирма не ве условува да купите рамки со веке растегната мрежа-свила, можете во нашата продавница да набавите само мрежа-свила за сито печат и самите да направите промена на мрежата на рамката. Во понуда е густина на мрежата од 42-140 окца/инч
БРИСАЧ ЗА СИТО ПЕЧАТ
– “ракел” – направен од дрвен носач со гума за бришење на бојата врз мрежата. Според начинот на печатење постојат гуми со оштри рабови, за ПВЦ бои за винили и со обли рабови за печатење на текстили. Гумите се разликуваат и по тоа дали се за рачно или машинско печатење. Во понуда се во димензија од 5-60 цм
БОИ ЗА СИТО ПЕЧАТ
– во зависност од подлогата која се печати користиме различни врсти на бои а во зависност од бојата користиме соодветна емулзија.
УСЛУГА РАСТЕГНУВАЊЕ НА МРЕЖА СИТО
– можеме да ви понудиме професионално растегнување на мрежа-сито на ваши рамки, дрвени и алумински. Лепењето на мрежата е по желба на купувачот, со наша мрежа или рамка или донесена од муштеријата. Лепењето на мрежичката е со наменско лепило КИВО, кое е со докажан квалитет. Времето на изработка најчесто e “ден за ден” .