Галерија Старо Скопје
Сеќавањата за кој било град во светот исчезнуваат како утринска летна магла ако зад нив не останат спомените за луѓето кои таму сте ги сретнале и сте ги вградиле во својата слика за душата на тој град. Сликата на градот е само слика од убави или грди згради ако во неа не е вградена приказната за луѓето.Секоја измината генерација го втиснува својот печат врз сликата на тој град, давајќи му сопствена боја и убавина. Затоа Скопје е толку живо и после секоја катастрофа од многуте кои му се случувале низ историјата. Затоа што луѓето од Скопје имаат чувство да му вдахнат особен здив на својот град, да го опсипат со најчудесните бои кои еден град може да ги има, да му вткаат најчудесни звуци кои прозвучеле низ еден град. Јасмина Намичева
Ги повикувам сите луѓе на кои им е драго Скопје и при тоа имаат желба да се дружат преку спомените за нашиот град , да споделуваат со нас на оваа страница, фотографии од своите споменари и воопшто меморабилии за Скопје, за да го оджиме во спомните жив шармот на оној град кој ние го познаваме, но притоа да пренесеме дел од таа љубов и нашите деца. Бидејки како што рекле мудреците, живо е нештото се додека има кој да го споменува.